Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДЕНОВИ НА УЧЕНИЧКИОТ ТЕАТАР
Untitled Document

Во рамките на  проектот  „ Популаризација на театарот“ , што го реализира  општина Охрид  во соработка со основните училишта, НУ  Центар за култура „ Григор Прличев“  и Охридскиот народен театар, на 27 и 28 мај ќе се одржи манифестацијата  „ Деновите на ученичкиот театар“.

На 27 мај ( среда ) , со почеток во 11.00 часот,  на малата сцена  при НУ  Центар за култура „ Григор Прличев“,  манифестацијата  ќе ја отворат учениците од ОУ „ Кочо Рацин“ со  изведба на драмскиот текст  „ Соживот“ , во режија на наставничката Наташа Неданоска. Во 12.00 часот  настапуваат „актерите“ од ОУ „ Живко Чинго“  со современа изведба на  драмскиот текст „Бегалака“ , во режија на наставничката Снежана Стојаноска. Во 13.00 часот  настапува театарската група   од ОУ„Христо Узунов, со изведба на драмскиот текст „Чорбаџи Теодос“, во режија на наставничката Нада Групче.

На 28 мај ( четврток )  на истата сцена, во времето од 11.00 и 12.00 часот, ќе бидат прикажани  драмските  претстави  „ Дилбер Стана“ во изведба на учениците од ОУ „ Братство Единство“,  во режија на наставничката Јованка Љаткоска и драмата  „Чорбаџи Теодос“, во изведба на учениците од ОУ „Григор Прличев“ , во режија на наставничката Маја Гугоска.

Овој проект  за прв пат се реализира оваа година и ќе има ревијален, а не натпреварувачки карактер. Целта на овој проект  е да се негува мајчиниот јазик, да се приближи театарската уметност до најмладата публика и притоа театарот да стане подостапен за секоја возраст.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1330  пати
Објавено на: 26.05.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©