Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ВО ЧАРШИЈАТА ПРИРЕДИ ИФТАР
Untitled Document

Вечерва во Старата чаршија во Охрид, градоначалникот Никола Бакрачески приреди ифтарска вечера за сограаните од муслиманска вероисповед. На вечерата покрај многубројните граѓани присутни беа и првите луѓе на муфтиството, дел од директорите на јавните претпријатија, како и пратеникот Сашо Василески.

Во договор со Муфтиството на ИВЗ од Охрид вечерата беше на отворено , а маси и столови беа поставени пред четири охридски ресторани кои се во сопственост на наши сограѓани од исламска вероисповест. Ифтарот помина во големо расположение , пријатна атмосфера и задоволство на сите присутни од сите вери и нации.

На вечерата присуствуваа околу 300 граѓани, меѓу кои имаше и православни, а не изостанаа и туристи од странство кои едноставно се приклучија на заедничката вечера.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1321  пати
Објавено на: 26.07.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©