Викендов во Охрид ќе се одржи Купот на Македонија во атлетика во повеќе
дисциплини и тоа во фрлање на ѓуле, диск и копје, скок во далечина и висина,
трчање на 100, 200, 400 метри и штафетно трчање 4х100. Натпреварите ќе се
одржат во сабота од 14 до 17 часот и недела од 10 до 14 часот.
Исто така во сабота во 18 часот на фудбалскиот стадион „Билјанини извори“ ќе
се одигра ревијален натпревар помеѓу екипите на ФК Охрид – ветерани и ФК
Краков од Полска.
Извор: www.ohrid.gov.mk |