Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОДРЖАНА СЕДМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

На денешната седница советниците на Советот на општина Охрид расправаа и одлучуваа по 23-те Предлог Одлуки кои се најдоа на дневен ред.
Во однос на Предлог одлуките за утврдување приоритет на проектите за асфалтирање на улици во с. Косел и локалниот пат од с. Вапила до с. Сирула и Предлог одлуките за давање согласност за намената на инвестицијата со цел реализација на проектите секретарот на општина Охрид истакна дека се од голема важност.

 Граѓаните од овие делови во неколку наврати се обратија до стручните служби на Локалната самоуправа за решавање на овој проблем . Затоа асфалтирањето на овие правци во овој период ќе биде приоритет  – рече секретарот Димитар Спасески.

Секретарот Спасески се осврна и на Предлог одлуките за утврдување на приоритет и давање согласност  за намената на инвестицијата за реализација на проектот „ Светецот и Војводата – означување и уредување на историски и излетнички локалитети во општина Охрид.

Зачувувањето и  уредувањето на излетнички места и туристички локалитети е во директна поврзаност со подобрувањето на квалитетот на живот во руралните средини во Општина Охрид. Овој проект ќе придонесе за развивање на свеста кај граѓаните за грижа за одржување, негување и надградување на културно-историските локалитети како потенцијал за севкупниот развој на општината и валоризирање на културно-историското наследство – додаде секретарот Димитар Спасески.

Членовите на Советот на општина Охрид не ги усвоија  Извештаите од работењето и остварените резултати  на ЈП „Билјанини Извори“,ЈП „Нискоградба“,ЈП „Охридски Комуналец“,ЈП “Градски Пазар”  , ЈП „Градски Гробишта“ и ЈП „Погребни Услуги“ .
Советниците дадоа согласност и на Предлог одлуката за измени и дополнување на Одлуката   за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини Извори“, Предлог одлуката за измена и дополнување на Статутот на Јавното претпријатие за изградба, одржување и користење на спортски објекти и јавни паркинг простори „Билјанини извори“ како и Предлог одлуката за користење на услуги на автобус сопственост на ЈП „Билјанини Извори“.

Со одлуката за прогласување на дефицитарни занимања и занаети во изумирање на подрачјето на општина Охрид, Советот определува дека на подрачјето на општина Охрид дефицитарни занимања и занаети во изумирање се: ковачи, грнчари, лимари, казанџии, копчари, свеќари, крзнари, шапкари, изработувачи на сувенири (ракотворби), јорганџии, опинчари и саатчии.  Вршителите на дефицитарните занимања и вршителите на занаети во изумирање на подрачјето на општина Охрид се ослободени од плаќање на комунална такса за фирма односно назив на деловна просторија.
Со одлуката за прием во сопственост на движна ствар, специјано возило за лица со посебни потреби, Локалната самоуправа изврши прием на Специјалното возило марка Мецедес-Benc Sprinter 308 CDI .

На денешната седница беа усвоени и Предлог Oдлуката за дополнување на Oдлуката  за усвојување на Програмата за одбележување на празници и манифестации  за  2013  година, Предлог Одлуката за определување зони за утврдување на пазарната вредност на недвижен имот (градежно земјиште и дворно место) во општина Охрид, Предлог Одлуката за определување на зони за утврдување на пазарната вредност на недвижен имот (земјоделско земјиште) на подрачјето на oпштина Охрид, Предлог Одлуката за определување зони за утврдување на пазарната вредност на недвижен имот (објекти) на подрачјето на општина Охрид, Предлог Одлуката за  продолжување на  работното време на угостителските  објекти и Предлог Одлуката за усвојување на измените и дополнувањата на годишната Програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2013 година.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1237  пати
Објавено на: 02.07.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©