Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на Р.М број 5/02) и член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај (Службен весник на Р.М број 68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14 и 112/14), Градоначалникот на Општина Охрид го објавува следниот
ЈАВЕН ПОВИК
за пријавување на кандидатите за полагање на испит за добивање на сертификат за авто такси возачи во Општина Охрид
Предмет на јавниот повик
Предмет на јавниот повик е пријавување на кандидати за добивање на сертификат за авто такси возачи во Општина Охрид.
Кандидатите за полагање на испит за добивање на сертификат за авто такси возач треба предходно да завршат обука за авто такси возач и за истата да им се издаде потврда за завршена обука од правното лице за вршење на обука овластени од Градоначалникот на Општина Охрид.
Трошоците за обука и за издавање на сертификатот за авто такси возач во Општина Охрид се на терет на пријавените кандидати.
Право на учество на јавниот повик
Право на учество на јавниот повик имаат сите физички лица кои ги исполнуваат следниве услови:
- поседуваат Потврда за завршена обука издадена од правното лице овластено од Градоначалникот на Општина Охрид, за кое е издадено и Решение за давање на согласност за трошковник од Градоначалникот на Општина Охрид со зав.бр:24-3140/2 од 09.03.2015 год.
- да поседуваат возачка дозвола (Б категорија).
Начин и рок на поднесување на пријава и датум за полагање
Лицата од точка 2 поднесуваат Пријава до Архивата на Општина Охрид (која може да се подигне од Архивата на Општина Охрид или да се превземе од интернет страната www.ohrid.gov.mk).
Кон пријавата се доставува следната документација:
- Потврда за завршена обука за авто такси возач во Општина Охрид во оригинал, издадена од правното лице овластено за вршење на обука од Градоначалникот на Општина Охрид и за кое правно лице е издадено Решение за добиена согласност за трошковник
- Копија од лична карта
- Копија од возачка дозвола (Б категорија)
3.3 Датуми за одржување на испити
- Датуми во наредните 3 (три) месеци на кои ќе се одржуваат испитите за полагање на сертификат за авто такси возач се:
Април 2015, и тоа на (7, 14, 21, 28)
Мај 2015, и тоа на (5, 12, 19, 26)
Јуни 2015, и тоа на (2, 9, 16, 23, 30)
Сите наведени датуми се во Вторник, а времето за полагање на испитот секогаш е 17 часот и испитот ќе се одржува во просториите на Општина Охрид голема сала на Советот на Општина Охрид.
- Во случај на промена на на датумот и времето на одржување на некој од горе наведените закажани термини за испити, комисијата најмалку два дена пред закажаниот испит ќе ги извести пријавените кандидати за утврдените измени со новиот термин за испит.
- Пред завршување на рокот од 3 (три) месеци објавен во овој Јавен повик, Градоначалникот на Општина Охрид ќе објави Јавен повик за наредните 3 (три) месеци со утврдени датуми за полагање за добивање на сертификат за авто такси возач во Општина Охрид.
3.4 Рок за пријавување на кандидати за испит
- Рокот за пријавување на кандидатите за полагање на испит за добивање на сертификат за авто такси возачи е најдоцна два дена пред закажаниот термин на одржување на испит.
Извор: www.ohrid.gov.mk |