Во согласнот со одредбите на Законот за локална самоуправа и Статутот на општината, во понеделник ( 8 април) , со почеток во 11 часот, актуелниот претседател на Советот на општина Охрид, Душко Јаковчески, ја свика конститутивната седница на новиот состав на Советот.
Претседавањето со седницата на Советот на општина Охрид, Јаковчески ќе му го препушти на најстариот член на Советот, Љубомир Чаулев.
За свиканата седница на Советот на општината во нов состав предложен е следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Верификација на мандатите на членовите на Советот.
2. Давање и потпишување свечена изјава на членовите на Советот.
3. Избор на Претседател на Советот на општина Охрид .
Извор: www.ohrid.gov.mk |