Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВО ОХРИД ОТВОРЕНА ФОТОГРАФСКА ИЗЛОЖБА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПСКАТА ТЕРИТОРИЈАЛНА СОРАБОТКА
Untitled Document

“Ние припаѓаме овде- Животот , луѓето и природата во  прекуграничната област “, е насловена фотографската изложба што денес се отвори во Центарот за Култура “Григор Прличев“ а по повод  Денот на Европската територијална соработка.

“Чест ни е што го одбравте Охрид  за одржување на овој настан, бидејќи нашиот град е во првите во Република Македонија каде се промовира и имплементира транс граничната соработка, преку реализирањето на проектот за заштита на Охридското езеро. Во овој момент општина Охрид  аплицира на неколку проекти од ИПА програмата: Water – net промоција на водно богатство и изградба на инфраструктура поврзана со водата;  BHF- развој на алтернативни форми на туризам преку изградба на велосипедски и планински патеки; Промоција на религиозно наследство  на Охрид со изработка на 3D мапа на религиозни објекти и унапредување  на вработување на младите со програма на обука”, истакна во своето обраќање градоначалникот Никола Бакрачески.

Пред присутните се обратија и министерот за Локална самоуправа,Тахир Хани, шефот на операцијата  при делегацијата на ЕУ во Скопје, Мартин Клоќе и претставникот на Министерството за развој и конкурентност на Република Грција, Катерина Самоковли.
Изложбата е дел од активностите на Министерството за локална самоуправа, ИПА- програмата за преку гранична соработка  со Грција и ЕУ во Република Македонија.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1240  пати
Објавено на: 07.10.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©