Деновиве, екипи на Секторот за комунална дејност,сообраќај и улици
при Општина Охрид во координација со екипи на јавните претпријатија
“Охридски комуналец“ и “Нискоградба“ со помош на стручни лица и
механизација го воведуваат летниот режим на сообраќај на територијата
на општина Охрид. Со жардинјери се ограничува просторот на
улицата “Кеј Маршал Тито“ која во оваа летна туристичка сезона ќе биде
вистинско шеталиште. Се поставува и соодветна вертикална сигнализација
која укажува на летниот режим на сообраќај и одредбите кои произлегуваат од
него а се обврзани да ги почитуваат пешаците и учесниците во моторниот
сообраќај.
Затворени за моторен сообраќај се улицата “Кеј Маршал Тито“ од
пресекот со кружниот тек на сообраќај до пресекот со улица “Ванчо
Николески“, улица “Ванчо Николески“од пресекот со улица “Партизанска“ до
улица “Кеј Маршал Тито“, пешачката патека од “Центарот за обука на вода“ до
Горица . Затворен за сообраќај е кружниот тек на плоштадот “Св.
Климент Охридски како и улиците, “Цар Самоил“, “Коста Абраш“ и
“Илинденска“. На овие улици може да сообраќаат само жителите од стар град во
временски интервал од 05 до 20 часот. Во стариот дел на Охрид движењето на
возила е дозволено само за жителите на Стар Град кои ќе добијат специјални
налепници за движење.
Извор: www.ohrid.gov.mk |