Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ЈА ОПЕРАЦИОНАЛИЗИРА ИДЕЈАТА ЗА ЕВРОПСКА ПРЕСТОЛНИНА НА КУЛТУРАТА
Untitled Document

Денеска градоначалникот Никола Бакрачески оствари работна средба со Ханс Дитрих Шмидт, проректор на Универзитетот Фолкфанг од Есен и член на одборот за прогласување на на Европски град на културата и Сузан Скипиол  одговорна за меѓународна соработка . На средбата присуствуваа и ректорот и  генералниот секретар на Универзитетот ЕСРА, Јордан Плевнеш и  Владимир Стојчевски.

По искажаната желба во седиштето на УНЕСКО во Париз, Охрид  да биде Европски град на културата во 2020 година, на денешната средба градоначалникот Бакрачески беше запознаен со процедурата за номинација на Охрид за оваа престижна титула. Во таа насока господинот Ханс Дитрих Шмидт ги посочи главните активности кои Охрид и Македонија треба да ги преземат, најдоцна до крајот на 2014 година, за да може да се номинира нашиот град за Европоска престолнина на културата.

Европеизацијата на Балканот да започне од Охрид е идејата која треба да биде водилка во целиот процес, истакна ректорот  на ЕСРА, Јордан Плевнеш, во што целосно ја имаше поддршката од гостите од Германија.

Градоначалникот вети дека Општина Охрид, во најскоро време ќе ги започне прелиминирните подготовки за реализација на идејата, кои на почетокот од септември годинава ќе бидат презентирани пред господинот Шмидт, за кога е закажана повторна средба.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1237  пати
Објавено на: 01.06.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©