Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и директорот на Агенцијата за
млади и спорт, Маријан Спасески, утре точно напладне ќе ги стават во
употреба новоизградените терени за тенис кои функционираат
во рамки на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.
Станува збор за еден двоен и еден единечен терен , кои
се изградени по најсовремените стандарди , а кои битно ќе допринесат
во спортското заживување на градот и враќање на младите на спортските
терени. Преку играта и спортувањето младите ќе градат здрави животни
навики.
Во рамки на СРЦ Билјанини извори веќе функционираат двата помошни
терени за голем фудбал, едниот на природна и другиот на вештачка
трева, а во тек на градба е затворениот пливачки базен.
Се покануваат сите охриѓани да бидат дел од утрешниот настан.
Извор: www.ohrid.gov.mk |