Jавните претпријатија „Нискоградба“ и “Водовод“работaт на поставување подземни инсталации на пресекот на булевар „Туристичка“со улица „Јане Сандански“ каде се гради кружен тек . Со изградбата на атмосферската канализација и новата водоводна линија ќе бидат исфрлени од употреба старите азбест цементни цевководи.
Активностите на охридските јавни претпријатија на оваа крстосница се најобемни досега и се очекува истите да завршат на почетокот на месец март по што ќе биде воведен во работа изведувачот на градежните работи.
Извор: www.ohrid.gov.mk |