Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД И ОВАА ГОДИНА СО ПОДДРШКА НА РАКОМЕТНИОТ КЛУБ „ОХРИД“
Untitled Document

По неколкумесечни интензивни подготовки, заврши трансформацијата на Ракометниот клуб Охрид во акционерско друштво. Ова беше соопштено на новогодишната седница на Управниот одбор на клубот после која се одржа средба со играчите и тренерите на клубот.

Претседателот на Управниот одбор, Димитар Спасески изрази задоволство од функционирањето на клубот и постигнатите резултати, посочувајќи дека РК Охрид е една од најуспешните приказни во 2013 година.

На средбата присуствуваа претставници на спонзорите на клубот кои изразија подготвеност да го помогнат РК Охрид, со цел тој во иднина рамноправно да се бори со ракометните ривали во Супер лигата.

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, исто така, изрази задовилство од постигнатите резултати на клубот во првиот дел од првенството во Супер лигата. Тој истакна дека општина Охрид и натаму силно ќе го поддржува РК Охрид, изразувајќи надеж дека клубот во тековното првенство ќе обезбеди опстанок, а веќе догодина ќе игра многу позабележителна улога во Супер лигата.

Tренерот на РК Охрид, Горан Андоновски рече дека со постојниот играчки кадар и квалитно засилување во зимскиот преоден рок, како и со добри подготовки, РК Охрид со сигурност ќе обезбеди опстанок во лигата. Капитенот на екипата Кирил Пецаков се заблагодари на спонзорите, управата, локалната самоуправа и на навивачите ветувајќи дека играчите ќе го дадат својот максимум во продолжение од првенството и ќе им приредат моменти на радост на охриѓани.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1241  пати
Објавено на: 02.01.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©