Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ И МИНИСТЕРОТ СПАСОВ ОТВОРИЈА ГРАДИНКА ВО ДРУГИ ПРОСТОРНИ УСЛОВИ ВО ЛЕСКОЕЦ
Untitled Document

Денес во село Лескоец, Градоначалникот Никола Бакрачески  и Министерот за труд и социјални работи, Диме Спасов и свечено ги ставија во употреба подрачните  простории на детската градинка Јасна Ристеска.   Градинката е во големина од  150 метри а во неа   се исполнети сите најсовремени услови за згрижување на 40 деца.

“Денешново случување е едно од најсреќните од започнувањето на мојот градоначалнички мандат. Отворањето на оваа група во други просторни услови односно во рамките на училиштето Ванчо Николески претставува за мене и по симболика и по значење еден од најуспешните проекти кои што сме ги реализирале до сега. Проектот е мал по инвестиција, односно Локалната вложи 500 000 денари , но е многу битен за нас. Како што истакна и самиот министер Спасов, ова е многу добар мотив  за другите општини во државава да создаваат вакви проекти  во подалечните места , односно децата да бидат соодветно згрижени и воспитувани. Ние и понатака ќе останеме посветени во создавање оптимални услови за најмладите а со тоа ќе останеме посветени на идните генерации.  Во тој контекст најавувам дека на 22 октомври  ќе ја отвориме   втората група  за деца во други просторни услови во село Велгошти“ , рече градоначалникот Бакрачески

“Со овој потег на градоначалникот и општината се создаваат услови и во ова населено место да можат да се сместуваат  и воспитуваат  40 деца од пред училишна возраст. Градоначалникот Бакрачески и сите вработени во општината  како и советниците со овој проект покажуваат вистинска грижа за децата од предучилишна возраст. Како што сум информиран набрзо ќе биде отворена уште една градинка во други просторни услови во село Велгошти. Со тоа значително оваа година се зголемува капацитетот за згрижување на децата од предучилишна возраст. Ова е вистински пример како една општина треба да работи и да се грижи за најмладите и верувам  дека овој пример ќе го следат што е можно повеќе општини во нашава држава“, изјави министерот Спасов.

Во градинката со посебни просторни услови  ќе бидат згрижени ново запишани деца, кои за прв пат ќе почувствуваат како е да се биде во предучилишна воспитна институција.
“Имаме преку 60 заинтересирани деца, односно 20 деца повеќе од капацитетот со кој располага градинката. Затоа одлучивме во неа да се згрижат само 40-те ново запишани а  останатите 20 да го продолжат своето воспитување во подрачните објекти на градинката во Охрид каде и претходно биле згрижувани“ , објасни директорката на детската градинка Јасна Ристеска, Роза  Костеска .

Официјално градинката во село Лескоец почнува да работи во понеделник во неа ќе бидат ангажирани еден воспитувач,  негователка и  лице задолжено за хигиена. Храната ќе се приготвува и дистрибуира од централниот објект на градинката.             

 Пригодна реч на градоначалникот Бакрачески, министерот Спасов , и директорката Костеска:

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1401  пати
Објавено на: 10.10.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©