Во рамки на посетите на месните заедници кои градоначалникот Никола
Бакрачески ги реализира, денес со почеток во 17 часот ќе биде во посета на
Куратица, во 18:30 часот Вапила – Ливоишта и 19:30 часот Косел.
На средбата покрај соработниците на градоначалникот ќе бидат присутни и
директорите на Јавните претпријатија. Целта на посетите е запознавање на
градоначалникот со проблемите на овие населени места и можностите за нивно
побрзо решавање.
Извор: www.ohrid.gov.mk |