Надлежните од Секторот за Комунален развој, сообраќај и улици при Општина Охрид, днес започнаа акција на замена на оштетени или нагрдени сообраќајни знаци со нови низ охридските улици каде има потреба од тоа.
Најпрво се менуваат знаците на улицата “Димитар Влахов“ каде речиси и да нема знак кој не е уништен од лепенки или испишан со спреј.
Градските власти најмалку еднаш во годината вршат замена на ваквите сообраќајни знаци од причина што истите не се прегледни и јасни за учесниците во сообраќајот.
Промената на вертикалната сообраќајна сигнализација која е последица на неодговорното однесување на поединци претставува само дополнителен товар за презадолжената Општина. Токму затоа надлежните служби апелираат до охриѓани да се воздржуваат од вандалските чинови на свесно уништување на сообраќајните знаци.
Извор: www.ohrid.gov.mk |