Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ДОБИ АВТОПАЗАР
Untitled Document

На дел од паркинг просторот кај Градските гробишта, денеска стартуваше со работа автопазарот. Работното време на автопазарот е секоја недела од 07 – 12 часот. На автопазарот покрај половните авотомобили, ќе се продаваат половни мотоцикли, товарни возила како и тезги со половни автоделови.


-          Со отворањето на автопазарот, локалната самоуправа во соработка со ЈП „Градски гробишта“ и „Градски пазар“ им излезе во пресрет на барањата на охриѓани и жителите од околните места, како и на трговците кои се занимаваат со овај бизнис. Така да повеќе нема да има потреба да патуваат во други градови, рече градоначалникот Никола Бакрачески на отворањето на автопазарот.


За време на работа на автопазарот ќе бидат ангажирани двајца работници од ЈП „Градски пазар“, кои ќе внимаваат на пазарниот ред и на хигиената на просторот. Дневниот закуп на место за мотоциклите е 50 денари, за автомобили 100 денари, товарни возила до 10 тона е 200 денари и за товарни возила над 10 тона е 500 денари. Закупот на тезга е 300 денари дневно или 1000 денари месечно, појасни директорот на ЈП „Градски пазар“ Тони Коталески.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1303  пати
Објавено на: 09.07.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©