Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРОМОВИРАНА КОНЗЕРВИРАНАТА РАНОХРИСТИЈАНСКА БАЗИЛИКА НА ЛОКАЛИТЕТОТ „МАНЧЕВЦИ“
Untitled Document

Заменик градоначалникот Ангел Јанев,  синоќа во Охрид  присуствуваше на промоцијата на конзервираната ранохристијанска базилика во локалитетот  „Манчевци“ што ја одржа  министерката за култура  на Р. Македонија, Елизабета Канческа – Милевска . 


- Станува збор за една од деветте ранохристијански базилики откриени во стариот дел на Охрид. За проектот спроведен во неколку фази од Министерството беа издвоени 5,5 милиони денари, во чии рамки беа извршени системско археолошко истражување на локалитетот, консолидација на објектот, конзервација на сите мозаични подови, а беа поставени и автентичните столбови откриени на локалитетот, истакна Канческа – Милевска, подвлекувајќи дека локалитетот има огромно значење за развој на културниот туризам и промоција на богатото културно наследство на Р. Македонија. 


Во рамки на посетата во Охрид ,министерката   Канческа - Милеска  присуствуваше и на отворањето на изложбата „Меѓу сонот и јавето“ на авторот Рубенс Наумовски, во рамки на Научната и уметника визита 2015 што се одржува во организација на Македонската академија на науки и уметности.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1352  пати
Објавено на: 01.08.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©