Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРИВЛЕЧНО КАТЧЕ ЗА ОДМОР ВО НЕПОСРЕДНА БЛИЗИНА НА ЦРКВАТА СВЕТА СОФИЈА
Untitled Document

Во рамки на разубавувањето  на стариот дел од Охрид,  денес  ЈП Градски гробишта започна со средување  на просторот пред  црквата  Св. Софија и истоимениот ресторан, каде долг период  несовесни  возачи ги паркираа своите автомобили нагрдувајќи го изгледот на ова атрактивно место кое е привлечно и посетувано од туристи особено во летниот период  од  годинава. Денес  на  овој простор се поставуваат жардињери со цвеќе, а наредниот период ќе бидат поставени  клупи за седење. Просторот ќе биде и хортикултурно  уреден со што охриѓани  ќе добијат  привлечно катче за одмор и уживање во срцето на Охрид.

Инаку,  надлежните од  ЈП Градски гробишта денес  работат и  на поправка и санација на делот  околу  малата фонтана што е во непосредна близина на црквата Св. Софија.   
Долги години наназад охриѓани кои живеат во овој дел  од градот , посакуваа ова благородно место  на кое е  катедралната црква Св. Софија да го добие заслужениот лик со кој подобро ќе бидеме презентирани пред бројните гости од земјава и странство. Разубавувањето на  стариот дел на Охрид  започна после  обиколката на  градоначалникот Никола Бакрачески во овој дел од  градот  и по средбите   што тој ги оствари  со варошани,  а  на која беа изнесени нивните потреби  од областа на  инфраструктурата.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1320  пати
Објавено на: 02.04.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©