Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО КОНЦЕСИОНЕРИТЕ НА ОХРИДСКИТЕ ПЛАЖИ ДА СЕ ПРИДРЖУВААТ КОН ДОГОВОРОТ ЗА ЗАКУП НА ПЛАЖИТЕ
Untitled Document

После спроведената контрола на работењето на охридските плажи, а и по поплаките кои пристигнуваат од страна на гостите-корисници на плажите, Општина Охрид со предупредување до концесионерите за нивно целосно придржување до Договорот за краткотраен закуп на плажи.

Во писмото упатено до нив меѓу другото се посочува дека: "...... Со преземањето на ингеренциите за управување на земјиштето вдолж Охридското Eзеро, Oпштина Охрид од оваа година го регулира спроведувањето на Договорот за краткотраен закуп на плажите, кои Вие го имате прифатено. Како што претходно бевте информирани, како концесионери-закупци на плажите имате обврска да се придржувате кон Договорот штo гo имате потпишано, а кој предвидува правна обврска која мора да ја реализирате. Од нашите досегашни анализи на состојбата со плажите кои ги стопанисувате, а и по негативните реакции од корисниците на плажите, констатирани се низа неправилности кои под итно треба да бидат отстранети....."

Локалната самоуправа ги потсетува закупците дека, согласно потпишаниот договор, меѓу другото имаат обврска и мора да се придржуваат кон "... -Режимот на користење на плажите (работно време) да биде согласно Oдлуката на Советот на општина Охрид, а во зависност од локацијата и околниот простор, како не би се нарушило нормалнотo користење на околните објекти;

- При планирање на просторот, 40% -60% од плажата да биде СЛОБОДЕН за користење без оптоварување со лежалки и други реквизити......"

Општина Охрид ги потсетува закупците на плажите дека, развојот на туризмот и подобрувањето на туристичката понуда е комплексен систем и во него учествуваат сите чинители на туризмот. Секое непридржување кон поставените правила, негативно се одразува врз останатите субјекти кои работат во туризмот. Локалната самоуправа нема да толерира отстапување од Договорот и ќе инсистира на негово доследно спроведување. Доколку и понатаму се отстапува од обврските кои ги прифатиле, Oпштина Охрид има законска обврска да го санкционира таквото однесување, а истовремено напоменува дека согласно член 7 ќе поведе постапка за еднострано раскинување на Договорот.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1286  пати
Објавено на: 24.07.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©