Секторот за комунален развој, сообраќај и улици при Општина Охрид,
ноќеска на полноќ започна со најавеното уредување на
хоризонталната сообраќајна сигнализација односно бојадисување на
осовинските линии и пешачките премини.
Се започна од Булевар “Туристичка“ на влезот во Охрид од кај т.н. Петља.
Акцијата траеше до 6 часот утрово.
Уредувањето на хоризонталната сигнализација продолжува наредниве
денови исто така во вечерните часови кога е намален интензитетот на
сообраќај на улиците,“Македонски просветители“, “Димитар Влахов“,“
Партизанска“ и “Јане Сандански“.
Акцијата се спроведува согласно годишното одржување на патиштата и истата е
соодветно обележана.
По тој повод надлежните од општина Охрид апелираат до охриѓани во текот на
овие две недели колку и што ќе трае уредувањето во вечерните часови
да се воздржуваат од паркирање на своите автомобили на горенаведените улици
со цел истата да се реализира непречено.
Извор: www.ohrid.gov.mk |