ПРИВРШУВААТ ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВЕЧЕРАШНИОТ ХЕПЕНИНГ „ ДА НАВИВАМЕ ЗАЕДНО ЗА МАКЕДОНИЈА“
Untitled Document
Општина Охрид во соработка со Црвен Крст и јавните претпријатија, ги привршуваат подготовките за вечерашниот почеток на манифестацијата „ Да навиваме заедно за Македонија “ .
На Градскиот плоштад "Св.Климент Охридски", во рамките на одбележувањето на 8-ми септември- Денот на независноста на Р.Македонија, од вечерва (4-ти септември) заклучно со петок ( 6-ти септември) , граѓаните на Охрид ќе можат организирано да ги следат настапите и да дадат поддршка на Македонската кошаркарска репрезентација на Европското првенство во кошарка, кое се оддржува во Р.Словенија. Општина Охрид, пред почетокот на ТВ преносите, организира посебна спортско- забавна програма, со ревијално учество на спортски екипи од Охрид.
Манифестацијата почнува вечерва во 17 часот со отворањето на мал спортски саем на спортски здруженија од Охрид , а во 17 часот и 45 минути , преку големиот лед- дисплеј граѓаните ќе можат да го следат кошаркарскиот натпревар Македонија- Црна Гора.