Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НА ОТВОРЕНИОТ ГРАЃАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТОТ “КУЗМАН ШАПКАРЕВ“ ДОДЕЛЕНИ СЕРТИФИКАТИ ЗА СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ
Untitled Document

Денес на Отворениот Граѓански Универзитет (ОГУ) “Кузман Шапкарев“, беа доделени дваесет сертификати за обука, од електро и машинска струка. Сертификати ги додели претседателот на Советот на Општина Охрид, Гордана Коњановска.

- Ова е петта обука што Општина Охрид  целосно финансиски ја поддржа, а Отворениот Универзитет  ја спроведе. Верувам дека оваа практика е од полза за нашите граѓани, кои ќе можат стекнатите вештини практично да ги спроведат во својата работа. Убедена сум дека нашата соработка  со Отворениот Универзитет ќе продолжи и понатака и дека ќе имаме уште многу успешно реализирани проекти – истакна во своето обраќање Коњановска.

Во досегашната соработка помеѓу Општина Охрид и ОГУ “Кузма Шапкарев“ се реализирани повеќе курсеви и обуки низ кои поминале повеќе од 230 граѓани.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1495  пати
Објавено на: 15.11.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©