Делегација од унгарски компании, членови на Стопанската комора на Унгарија денеска беа во посета на општина Охрид.
Делегацијата оствари средба со градоначалникот Никола Бакрачески и претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњаноска.
Задоволство ми е да ви посакам добредојде и да изразам надеж дека после оваа посета ќе се интензивира економската соработка помеѓу општина Охрид и унгарските компании заинтересирани да инвестираат тука. Како градоначалник на Охрид заложба и приоритет во моето работење е брзиот развој на градот, зашто токму инвестициите ќе придонесат за побрз развој и унапредување на градот – истакна градоначалникот Бакрачески.
Како што изјавија претставниците на унгарската Стопанска комора целта на ваквата посета е да се запознаат со поволностите за инвестирање во Општината како и потенцијалите за развој на бизнисот кои ги нуди општина Охрид и да воспостават деловни контакти со македонски компании од различни стопански дејности.
Извор: www.ohrid.gov.mk |