Амбасадорката на Република Австрија во нашата земја, Ренате Коблер, денес беше примена од градоначалникот Никола Бакрачески. Во срдечна и пријателска атмосфера, соговорниците разменија мислења на повеќе теми - европската мигрантска криза, политичката состојба во Република Македонија, а во средиштето на разговорот беше откривањето на Охрид како туристичка дестинација за австриските граѓани.
Бакрачески и Колбер се согласија дека надминувањето на политичката криза во Република Македонија треба да е што поскоро, со создавње на услови за фер избори. Австриската амбасадорка го изрази своето искрено воодушевување од Охрид и вети дека ќе работи на негово промовирање пред австриските граѓани. Во таа насока Колбер изрази подготвеност за поблиска соработка со менаџментот на фестивалот “Охридско Лето“ за настап на австриски уметници на нашата најреномирана музичко сценска манифестација.
Извор: www.ohrid.gov.mk |