Непознати сторители, континуирано ги уништуваат градините кои во објектите на ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ ги создаваат дечињата на возраст од 2 до 6 години.Овие активности се дел од проектот „ Градини во детските градинки“ , преку кој најмладите се запознаваат со растенијата, учат како се засадуваат, одгледуваат и заштитуваат.
Од ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ се прашуваат дали е возможно да има луѓе кои можат вандалски и неодговорно да го уништуваат она што грижливо го правеле дечињата.Воедно апелираат за поголемо вклучување на сите повикани чинители кои ќе придонесат за подигнување на јавната свест и справување со вандалите.
Извор: www.ohrid.gov.mk |