Обновувањето на хоризонталната сигнализација на булеварите и улиците во Охрид интензивно започна во вчера во вечерните часови.
Како што беше претходно најавено, обележувањето на хоризонталната патна сигнализација започна во 24 часот, а фирмата специјализирана за обележување на хоризонталната сигнализација, избрана на јавен оглас како најповолен понудувач, изведуваше активности на Булеварот „Туристичка“ и во централното градско подрачје.
Во оваа акција вклучено е и јавното претпријатие „Нискоградба“ кое со соодветна механизација врши обележување на дел од улиците во градот.
Извор: www.ohrid.gov.mkp> |