Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛА БАКРАЧЕСКИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НАСТАВАТА НА ТУРСКИ ЈАЗИК
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод одбележувањето на 21 Декември- Денот на наставата на турски јазик, упати честитка до припадниците на турската етничка заедница, во која изразува увереност дека со употребата на мајчиниот јазик во образованието се придонесува во чувањето на идентитетот на народите.

- Одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик, е уште една можност да се потврди нашата определба за мирен и просперитетен соживот со турската етничка заедница во Охрид, чии граѓани  сестрано придонесуваат за развој на општествената заедница. Воедно тие се и мост за  продолжување на вековнта традиција на почитување на различните културни и религизни посебности, темел за градење на меѓусебна доверба и промоција на заедничкиот културен, образоваен, економски развој.

- Турската заедница, како почитуван  дел од македонското мултикултурно општетсво претставува и основа за продлабочување на билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Турција, но и за плодна соработка меѓу Охрид и збратимените и пријателски  турски градови Јалова, Сафранболу и Газиосманпаша. Ваквите односи ќе се унапредуваат и во иднина со промоција на заедничките вредности што не обединуваат, а таа определба ќе има ја пренесуваме на помладите генерации- стои во честитката на градоначалникот Никола Бакрачески, по повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик. 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1349  пати
Објавено на: 21.12.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©