Ученици и наставници од ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ во периодот од 16 до 19
октомври реализираа посета на збратименото училиште ТУШ „Тоза Драговиќ“ во
Крагуевац, Република Србија.
Во рамките на оваа екскурзија беа посетени повеќе културно-историски
знаменитости, кои се обележја на градот Крагуевац. Исто така беа разменети
искуства од воспитно-образовната работа на двете училишта.
Учениците и наставниците со бројни рекламни материјали и сувенири на
достоен начин го промовираа, не само нашето училиште, туку и градот Охрид, а
преку нив и Република Македонија.
Извор: www.ohrid.gov.mk |