Екипи на Јавното претпријатие Нискоградба, по налог на Секторот за
комунален развој , сообраќај и улици денес започнаа со бележење и
дислокација на такси станиците на територијата на Општина Охрид. Процесот на
обележување на такси- станиците ќе се одвива паралелно со обележувањето на
хоризонталната сигнализација и меѓусебно ќе се координираат и надополнуваат.
Акцијата започна на улицата “Јане Сандански“ на потегот кај некогашниот
Мини-маркет и на кружниот тек кај Општата Болница. По
завршувањето на обележувањето на такси -станиците и дислокација на дел од
нив, согласно одлуката на Совет на Општина Охрид,ЈП Нискоградба заедно со
стручните служби на Секторот за комунален развој,сообраќај и улици ќе
пристапи кон бележење на старите и нови автобуски постојки.
Процесот на означување на хоризонталната сигнализација и такси- постојките
на територијата на Општина Охрид се одвива во координирана активност со СВР
Охрид и Секторот за сообраќај и безбедност на патиштата,за што истите се
уредно известени од Секторот за комунална дејност,сообраќај и улици при
Општина Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |