Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАВРШЕН Е ПРВИОТ ИНВЕСТИЦИОНЕН ЦИКЛУС НА „ ОДВ- ЕЛЕКТРИК“ ВО ОХРИД
Untitled Document

Реализирањето на инвестијата на  „ОДВ-ЕЛЕКТРИК“ тече според предвидената динамика. Ова денеска, на  средбата со градоначалникот Никола Бакрачески, го соопшти проект менаџерот на компанијата  Огнен Цубалески.

-Денешната средба беше во знакот на постојаната етаблирана соработка со менаџментот на фабриката на „ ОДВ- ЕЛЕКТРИК“ , во која не информираат за активностите за реализација на инвестицијата. Не информираат за инсталирањето на технологијата и одвивањето на производството. Ние, посебно се интересираме  за воспоставувањето на кооперативни односи со локални фирми и вработување на наши сограѓани во нивната фабрика во Охрид- рече градоначалникот Никола Бакрачески.Тој не го криеше задоволството од информацијата, дека со почетоков на година започнала   со производство првата линија за сериско производство.

-Го реализиравме првиот инвестиционен циклус, вреден милион евра и на почетокот на годинава, во постојниот објект ја пуштивме првата линија за сериско производство, на која се ангажирани 25 работници. Според планот  до април месец ќе  пуштиме во погон уште три линии и вкупно годинава ќе ангажираме 75 високо обучени работници- рече проект менаџерот Огнен Цубалески. Тој додаде дека според плановите , нивната компанија идната година ќе почне со изградба на нов капацитет во технолошко- индустриската развојна зона меѓу Охрид и Струга. Според него етапно ќе се реализира вкупната инвестиција и ќе се вработат околу илјада работници.  

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1367  пати
Објавено на: 22.01.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©