Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НА ПОВИК НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА И ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ДЕЛ ОД “ОХРИД ОД СРЦЕ ЗА СРБИЈА И БОСНА“
Untitled Document

 Хуманитарната акција  “Охрид од срце за Србија и Босна “ што Општина Охрид заедно со Црвен Крст ја започна изминатиов  викенд , со несмалено темпо продолжува и наредниов период.  Од денес  пункт за собирање  средства за жителите на Србија и Босна кои  повеќе од една недела се соочуваат со стихијни поплави е отворен и пред општинската зграда. Денес на повикот на градоначалникот Бакрачески се одзваа Јавните Претпријатија, и претставници од бизнис заедницата кои донираа средства.  

  Сакам да изразам благодарност до сите  компании кои денес се одзваа на нашиот повик , односно   преку отворање на овој пункт со донирање на средства  ја помагаат  оваа акција. Компанијата “Андрос“  донира еден камион со средства за хигиена. Тука е компанијата  “Ентер“ која донира тон и половина флаширана вода, златара “Горан“, фирмата “Маеми“. Благодарност  до  хотелите :“Гранит“,“ Метриопол“,“ Белведере“,“Климетица“, “Гарден“ како и до рестораните: “Далга“,   “Тино“ “Рибен ресторан“, кои исто така се вклучија во оваа акција.   Јавно се  заблагодарувам  и на сите кои во овој момент не ги спомнав а кои активно се вклучија во оваа акција. Граѓаните на Охрид  и компаниите покажаа висок степен на општествена одговорност , на хуманост и солидарност и масовно се одзваа на акцијата за помош на настраданите во поплавите во Србија и Босна и Херцеговина, рече градоначалникот Бакрачески кој се  заблагодари на охриѓани за досегашното активно учество во акцијата и упати  повторен апел  и  понатака во рамки на своите можности  да бидат дел од хуманитарната акција.

Охрид  дише со хуманост, огромен е одзивот и солидарноста која што ја покажаа охриѓани, потенцира Претседателот на Црвен Крст  Сашо Точко, укажувајќи дека донациите од Охрид веќе пристигнуваат во  Србија и Босна и Херцеговина.

 Една пратка од 80 тони најразлични производи беше испратена од Црвениот Крст на Македонија вклучувајќи не и нас. Во понеделникот една пратка отиде за Србија, а  вчера една пратка замина за  Босна и Херцеговина . Утре  заминуваат  пет шлепери за Србија во кои  ќе биде и оваа пратка.  Во овој момент не е голема потребата за ќебиња и облека. И понатака има  потреба  од средства за хигиена, бебешки производи, флаширана вода и конзервирана храна.  Повторно би апелирал до оние кои самоиницијативно имаат собирни акции помошта да оди преку Црвен Крст затоа што во вакви вонредни ситуации процедурите за прием и испраќање на роба е посебна. Протоколите се предвидени од страна на меѓународната федерација и тоа мора да се почитува. Да не доаѓаме во ситуација  дека е фатен приватен камион на граница. Токму од тие причини работата ја олеснуваме . Уште еднаш кажувам дека нашите пунктови  за донации се кај новата автобуска станица, во Црвен Крст, во поголемите маркети низ градов  и од денес  пред зградата на Општина Охрид , потенцира Точко.

Инаку, пунктот за донации поставен пред зградата на општина Охрид ќе биде отворен и наредниве денови од 9 до 16 часот.    

         

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1344  пати
Објавено на: 21.05.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©