Во насока на стимулирање на наталитетот , Општина Охрид од месец јануари 2014 година до денес во континуитет доделува еднократна парична помош во износ од 5 000 денари за секое новороденче родено во ЈЗУ „Општа Болница“- Охрид.
Само годинава оваа парична помош е доделена на 344 мајки или по овој основ се исплатени 1. 720 000 денари.
Од месец јануари 2014 година, кога и започна проектот до денес оваа помош е доделена на 763 мајки , односно по овој основ Општината исплатила 3. 815 000 денари.
Извор: www.ohrid.gov.mk |