Во рамки на посетите на месните заедници кои ги реализира градоначалникот
Никола Бакрачески, утре со почеток во 18 часот ќе биде во посета во Горно
Лакочереј, а во 19 часот ќе оствари средба со жителите на Долно Лакочереј.
На средбите покрај соработниците на градоначалникот ќе бидат присутни и
директорите на јавните претпријатија. Целта на посетите е запознавање на
градоначалникот со проблемите на овие населени места и можностите за нивно
побрзо решавање.
Извор: www.ohrid.gov.mk |