Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НОВИ КОНТАКТИ И МОЖНОСТИ ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ОХРИД И ЈАЛОВА
Untitled Document

Делегација на општина Охрид, предводена од градоначалникот  Никола Бакрачески и претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска,  во рамките на неколкудневниот престој  во збратимениот град  Јалова, Р. Турција  оствари  средба со градоначалникот на Јалова, Јакуп Кочал.

На средбата беа разгледувани потенцијалните можности за отпочнување на заедничка соработка во делот на туризмот, особено банскиот туризам.
Стана збор и за интензивирање на стопанската соработка, односно остварување на поблиски контакти помеѓу бизнис  секторите од овие два града.

Градоначалникот Бакрачески ги презентираше поволностите кои ги нуди Владата на РМ за потенцијалните странски инвеститори во  општините ширум Македонија.
Раководењето со локалните самоуправи како приоритет за зачувување на имиџот на градовите како туристички и културни центри и разменување на искуства во повеќе сегменти во општественото работење беше дел од конструктивната средба на делегацијата на општина Охрид со претставниците на општина Јалова.

За денеска предвидено е делегацијата на општина Охрид да ја посети Стопанската комора на Јалова каде претставниците на локалните власти ќе  остварат работна средба со претставниците на бизнис секторот и со поддршка на коморските оперативни услуги ќе помогне во развојот на приватниот сектор во Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1236  пати
Објавено на: 04.07.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©