Во согласност со Годишната програма на Секторот за туризам и локален економски развој предвидено e субвенционирање на дел од уплатената такса за привремен престој на домашните и странските туристи, за физички лица вршители на угостителска дејност од мал обем во општина Охрид.
Целта на оваа активност е поттикнување на физичките лица запишани во регистарот на физички лица вршители на угостителска дејност од мал обем во oпштина Охрид уредно да ја водат евиденцијата за престојот на гостите во својот сместувачки објект, со што ќе се стимулира редовната наплата на ТПП и ќе се избегне нејзиното прикривање.
Висината на Субвенцијата ќе изнесува 50% од уплатената такса за примвремен престој по основ на вкупниот број на остварени ноќевања за периодот од 01.01 – 30.06.2016 год.
Барањето и постапката за субвенционирање на туристичката такса може да ги превземете на следните линкови:
Барањата за субвенционирање треба да се достават во Секторот за ТЛЕР, најдоцна до 31.07.2016 год.
Извор: www.ohrid.gov.mk |