Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ИПАРД: ПРОДОЛЖЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА
Untitled Document

Се продолжува рокот за поднесување барања за користење средства одпрограмата ИПАРД 2007-2013. Заинтересираните ќе можат да аплицираат до 30 септември.

Целта е да се овозможи ефикасно искористување средства од оваа програма, информираат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Финансиските средства од програмата се наменети за инвестиции наземјоделски стопанства, за нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската унија, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи, како и за диверзификација и развој на руралните економски активности.

Потребната документација за подготовка и поднесување барања, вклучително и упатства за корисниците на ИПАРД, сите заинтересирани можат да ја преземат од интернет-страницата www.ipardpa.gov.mk или www.pa.gov.mk, како и лично, во приемницата на Агенцијата.


ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПОВИК БР. 01/2013 ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА ОД
ИПАРД ПРОГРАМАТА 2007-2013

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1233  пати
Објавено на: 09.08.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©