Ј.П.„Охридски Комуналец„ ја заврши широкоопфатната акција за чистење на речните корита и канали на територијата на општина Охрид за оперативната 2013 год. Оваа акција која се спроведе по налог на локалната самоуправа, започна на почетокот од месец октомври. Се делуваше на речните корита на реките Сушица и Грашница по нивните теченија во с.Велгошти, населба У.З.14 „Радојца Новичиќ„ (Црногорци), ул. „Железничка, „15-ти Корпус„, како и каналите во Студенчишко Блато, во с.Орман и во населба Даљан, во вкупна должина од 6.600 м. Дел од активностите за чистење се спроведуваа машински со ангажирање на сопствена специјална механизација , додека другиот дел каде заради непристапност на теренот беше невозможно машинско чистење, се делуваше рачно.
Извор: www.ohrid.gov.mk |