Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАТЕКНАТАТА СОСТОЈБА ВО Ј.П ГРАДСКИ ГРОБИШТА ВО ОХРИД Е КАТАСТРОФАЛНА
Untitled Document

При извршените делумни анализи во овој краток период на работење на новото раководство на ЈП „Градски Гробишта“ константирани се многу неправилности, злоупотреби и недомаќинско работење кое е поткрепено со соодветни документи, беше истакнато на денешната прес конференција која ја одржа в.д. директорот на ЈП „ Градски Гробишта “ Зоран Симоноски.

Според официјалната завршна сметка усвоена од советот на Општина Охрид ЈП „Градски Гробишта“ покажува негативен финансиски резултат од 2.315.088 денари. Негативниот финансиски резултат би бил сериозно зголемен доколку не се испечателе сметки за гробарина без старател или без друг релевантен податок во износ од 1.600.000 денари, за кои што е платен ДДВ кои што истовремено не се поделени туку се архивирани во јавното претпријатие – истакна Симоноски.

Беше споменато и дека се поделени гробни места на вработени кои што до ден денес не се исплатени што отвора сомневање дека целта била да се прикаже подобар финансиски извештај. Без одлука на Управен Одбор личниот доход на вработените по основ на редовност бил намален за 900 денари месечно по вработен во времетраење од 18 месеци или вкупната вредност по овој основ изнесува 730.000 денари кои доколку биле исплаќани финансискиот резултат би бил уште понегативен.

Негативниот финансиски резултат меѓудругото се должи и на трошоците за ресторански услуги и за гориво кои изнесуваат 879.500 денари, по основ на ДДВ претпријатието должи уште 1.700.000 денари , по основ на неисплатени плати на вработените 2.000.000 денари (за последните 2 месеци), за потрошена електрична енергија претпријатието должи 1.200.000 денари, по основ на тековно работење односно долгови према доверители 4.000.000 денари. Со овие презентирани податоци се доаѓа до вкупен износ од 8.900.000 денари основен долг, доспеан за плаќање.

Ако кон ова се додадат уште адвокатски, судски , трошоци за извршители како и законска казнена камата кои што претпријатието ќе треба да ја плаќа по основ на поведени и завршени судски спорови поради ненавремено подмирување на обврските на мислење сме вкупниот долг на ЈП Градски Гробишта ќе ја надмине сумата од 10.000.000 денари – рече Симоноски.

За работењето на поединци во насока на не наплаќање и не евидентирање на такса за каменорезци за вршење на одредени услуги и вршење на одделни услуги во приватна режија, а кои што требало да ги врши јавното претпријатие, вршење на одредени услуги без евидентирање и отворање на налог за што се користени материјали на претпријатието формирана е Комисија која ќе ги утврди пропустите.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1273  пати
Објавено на: 22.05.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©