Јавното претпријатие"Охридски комуналец" ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 14.06.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.4 „Воска„ и комплексот згради и куќи во населба „Даљан„.
Се информираат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е."Механизација" на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П."Охридски комуналец" благовремено да го подигнат.
Извор: www.ohrid.gov.mk |