Екипи на ЈП “Охридски комуналец“ денес го чистат поширокото подрачје на влезот од Охрид,кај детското игралиште на Булевар “Туристичка“. Согласно утврдената динамика и план,се очекува акцијата да заврши во текот на денешниот ден.
ЈП “Охридски Комуналец“ периодов реализира низа акции за чистење на јавни површини и добра низ целата територија на општина Охрид . Веќе се исчистени регионалниот пат Охрид- Св. Наум и локалниот патен правец Орман- Лакочереј. Изминатиов период се санираа и чистеа и речните корита и охридските реки.
Од Секторот за комунален развој при општина Охрид најавуваат уште вакви акции во текот на овој месец,со единствена цел, подигнување на нивото на јавна чистота и подобрување на квалитетот на урбаното живеење во Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |