Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
МОЖНОСТ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ АВИО ЛИНИЈА ОХРИД- БЕЛГРАД
Untitled Document

На покана на менаџментот на   „AIR SERBIA“, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески е во работна посета на Белград, Р. Србија.
На работниот состанок со менаџерскиот тим  на најголемата  авио компанија во Србија, закажан за утре, 24. 2 2016 година  ќе  бидат разгледани можностите за воведување авио линија  Охрид- Белград.   Со ова  Локалната самоуправа ја потврдува стратегијата за  летови од и кон охридскиот аеродром  онака како што се најавуваше изминатите неколку месеци.

Потврда дека се важни проектите од ваков тип е и   воспоставувањето на  двете  редовни  авио- линии, Охрид-  Базел и Охрид – Лондон  и обратно  кои стартуваа минатата година, а се  плод на  заложбите на општина Охрид за туристички  и  локален  економски  раст и развој на градов.

Искуството покажа дека ново воспоставените  авио линии  имаат силен импакт во зголемување  на бројот на странски туристи  во Охрид  и развој на локалната економија што претставува и голема придобивка за граѓаните на Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1360  пати
Објавено на: 23.02.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©