Градоначалникот Никола Бакрачески утре ќе присуствува на презентацијата на најголемото енциклопедиско издание за православието „Православна енциклопедија“
што ќе се одржи во Универзитетскиот Конгресен центар во Охрид со почеток во 11 часот.
По повод презентацијата на оваа значајна книга задутре ( 8 октомври 2015 година) со почеток во 18 часот во црквата „Св. Софија“ во Охрид ќе се одржи концерт на хорот Подворје на Руската православна црква од Софија.
Во овие настани ќе учествуваат , Специјалниот пратеник на Претседателот на Руската Федерација за меѓународна културна соработка, г. Михаил Швидкој, Амбасадорот на Русија во Македонија, г. Олег Шчербак, Поглаварот на Македонската Православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, д-р проф. Велимир Стојковски, заменик Министерот за култура на Република Македонија, г. Драган Недељковиќ.
Извор: www.ohrid.gov.mk |