Со промотивната , културно- забавна манифестација “Бело лето”
што ќе се одржи на четврти јули и годинава во Охрид
официјално ќе стартува летната туристичката сезона. Случувањето
започнува со промоција на традиционалните занаети на малиот плоштад во
Охрид.
- Сите посетители ќе имаат можност на лице место да се запознаат со
изработките на занаетчиите во градов, кои што ќе понудат екстра попуст на
своите производи до 20 % ,рече на денешната средба со
новинарите Ѓоко Апостолов од Секторот за туризам и локален економски
развој.
Централно случување на манифестацијата ќе биде концертот на популарната
музичка група “Нокаут“ и познати ди џеи закажан за 21 часот на
градскиот плоштад “Свети Климент Охридски” .
- Сите гости кои што ќе го
посетат нашиот град ќе имаат можност да проследат бесплатен музички концерт
–истакна Апостолов.
Како и минатата така и оваа година во манифестацијата се
вклучени голем број угостителски објекти кои своите услуги ќе ги нудат по
пониски цени од 10 до 30 % од вообичаените.
- Одреден број на угостителски
објекти кафе барови, ресторани, пицерии и хотели кои се вклучени во
манифестацијата ќе нудат попуст на своите услуги од 10 до 30 % од своето
отворање се додека трае манифестацијата. Со ова се нуди уште една
атрактивност, значи ќе имаме бесплатен концерт и промотивни цени на услугите
во угостителските објекти, истакна Апостолов.
“Белото лето“ во Охрид се одржува по втор пат со цел да се
овозможи пријатна забава за охриѓани и туристите а секако и
добра заработка за угостителите кои цел ноќ ќе бидат отворени за
посетителите.
Извор: www.ohrid.gov.mk |