Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
МЕТАЛНИТЕ СЕ ЗАМЕНУВААТ СО ПЛАСТИЧНИ КОНТЕЈНЕРИ
Untitled Document

Металните контејнери за отпад  заминуваат во историјата, тие од денес  се заменуваат со нови пластични. Проектот е на Јавното Претпријатие “Охридски Комуналец“ кое  со свои средства набави 200 пластични контејнери  кои најпрво ќе се поставуваат во централното градско подрачје.   Со металните контејнери заминува и бучавата која тие ја предизвикуваа тогаш кога од нив комуналните работници го подигаа отпадот.


-          Пластичните контејнери  имаат неколку предности во однос на металните затоа  се одлучивме на оваа опција. Во тежина се трипати полесни, полесни се за манипулација, подигање и ставање на самото место. Имаат капак и доколку граѓаните правилно го користат  односно отвораат и затвораат   нема да се  шири лоша  миризби во околината а во контејнерот   нема да скокаат животни   кои  досега најчесто го разнесуваа отпадот по улица, изјави непосредно по ставањето на првите контејнери директорката на Јавното претпријатие “Охридски Комуналец“, Елена Скрческа, која апелира до охриѓани правилно да ги користат истите и да се воздржат од ставање на    запалливи материи, пепел и жар во истите.  

Дел од постоечките метални контејнери  кои  беа во  централното градско подрачје а се добро одржани  ќе бидат употребени за собирање отпад  на периферните улици и приградските, селски населби каде има потреба од тоа.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1313  пати
Објавено на: 27.06.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©