Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВО ОУ „ БРАТСТВО- ЕДИНСТВО“ СЕ РАЗГОВАРАШЕ ЗА ПРОЕКТОТ ЗА БЕЗБЕДНИ УЧИЛИШТА
Untitled Document

Во рамки на проектот „ Безбедни училишта-  Хармонична средина“ во ОУ „Братство- Единство“ се одржа состанок со претставници од Одделението за образование при Општина Охрид, Одделението за превенција-СВР Охрид, раководниот и наставничкиот кадар и претставници од Советот на родители на училиштето.

Средбата во ОУ „Братство- Единство“ е дел од состаноците кои треба да се одржат во секое од училиштата, за да се овозможи поголема соработка и заедничко дејствување на општината, училиштето, Советот на родители и СВР Охрид, за подобрување на безбедноста и условите за настава во училиштата.

Учесниците во расправата ги идентификуваа  проблемите со кои се соочува училиштето во обезбедување на подобри услови во наставата, но и заложбите на општината и градоначалникот Никола Бакрачески за нивно решавање. Беше истакнато дека безбедноста во училиштето е добра, но дека треба да се преземат активности кои ќе придонесат за подобрување на условите за успешно одвивање на воспитно- образовниот процес. Претставниците од Советот на родители рекоа дека треба да се подобри осветлувањето, да се поправи игралиштето, да се промени кровот и да се направат и други зафати на училишната зграда.

Основното училиште „ Братство- Единство“, како што беше речено на средбата, е успешно модел училиште во рамките на проектот на УСАИД, во кое наставата се одвива на македонски, албански и турски јазик и дека нема инциденти и меѓуетничка нетрпеливост. Покрај реализирањето на проектот  финансиран од УСАИД, училиштето има обезбедено и други донации, а имаат најдено и училишта од Босна и Херцеговина  и Албанија со кои ќе се збратимат и заедно ќе аплицираат за користење средства од европските фондови.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1321  пати
Објавено на: 17.04.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©