Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ ПОДГОТВУВА ТЕРЕНОТ ЗА ПАЗАРОТ НА ГОЛЕМО
Untitled Document

Од ЈП „ Градски пазар“ информираат дека  во тек е постапката за скоро започнување со работа на пазар на големо.Пазарот на големо ќе биде организиран до новата автобуска станица, на просторот кој го користеше ЈП „ Охридски комуналец“.
 
Во моментов се врши чистење и уредување на површината, а потоа ќе се пристапи кон обележување на продажните места и поставување на потребната инфраструктура. Паралелно се води постапка за комплетирање на документација за непречено реализирање на овој проект .
 
Планирано е на пазарот да се сместат од  25 до 30 камиони, од кои ќе се врши продажба на големо, како и неколку тезги за продажба на мало.
Пазарот ќе работи секој ден 07до 21 часот .

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1308  пати
Објавено на: 15.07.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©