Со музичко сценски хепенинг, многу шега и смеа најмладите охриѓанчиња згрижени во детската градинка Јасна Ристеска и учениците од основните училишта во градов на градскиот и на малиот плоштад го одбележаа први април - денот на шегата.
На малите пеперуги, пчели, принцови и принцези, змејови и пирати среќно детство и многу убави моменти како денешниве им посакаа градоначалникот Никола Бакрачески и секретарот Димитар Спасески кои присуствуваа на случувањето.
Извор: www.ohrid.gov.mk |