Дваесет екипи од по двајца вработени во Локалната самоуправа деновиве ќе ги посетуваат домовите на барателите за легализација на дивоизградените објекти . Тие ќе им објаснуваат на граѓаните кои документи треба да ги достават за побрзо и поефикасно да го завршат процесот на легализација.
На граѓаните , ќе им бидат доставувани и анкетни листови , во кои ќе треба да ги наведат проблемите со кои се соочуваат во процесот на легализација . Пополнетите анкетни лисови ќе се достават до надлежните служби во локалната администрација , кои ќе ги имаат во вид при решавањето на предметите.
Последните информации кои ги има кабинетот на градоначалникот Никола Бакрачески се дека од поднесените околу 11 илјади , решени се околу 600 предмети за легализација на бесправно изградени објекти.
Извор: www.ohrid.gov.mk |