Од 01.04.2014 год. во ОЕМУЦ“Св.Наум Охридски“ започнаа да се спроведуваат
обуки за невработени лица согласно “Оперативниот план на Владата за
активните програми и мерки за вработување за 2014 година“, а врз основа на
резултатите од Анализата на потребите од вештини подготвена од Агенцијата за
вработување. Согласно мерката 5.3 А. се реализираат обуки за сервисер на
мехатронички системи, аргон заварувач и помошник козметичар. Времето на
реализација на овие обуки е три месеци во училиште и еден месец практична
работа кај работодавач.
Извор: www.ohrid.gov.mk |