Во рамки на Годишната програма за работа на Секторот за комунални
дејности,сообраќај и улици при Општина Охрид , пред почетокот на месец мај
годинава започна градежната акција за крпење на ударни дупки и
санирање на прекопи и навлаки на улиците низ градов.
Досега акцијата за крпење на ударни дупки се спроведе низ поширокото
централно градско подрачје и тоа по должината на улиците:„Славеј
Планина“,„7-ми Ноември“,„Егејска“ , делови од „Туристичка“.
Во рамки на акцијата се асфалтираат и санираат тротоарски
површини на пресекот на булевар „Туристичка“ и ул.„Македонски
просветители“,непосредно пред зграда Кифла.
Изведувач на градежните работи е фирмата „ИВ-Стил“ градба од Кичево.
Акцијата ќе продолжи и во наредните работни денови,по планот и динамиката
утврдени со Годишниот план за работа на Секторот за комунални дејности
сообраќај и улици при Општина Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |